За тутунарите е неприфатливо да им го откупуваат тутунот во просек за 370 до 380 денари за килограм, бидејќи годинава веќе добија 400 денари, а со новите цени в година би биле и во загуба. Велат дека откупувачите уште од денеска ќе почнат да им нудат договори по тие пониски цени.

За нив, прифатливи би биле откупни цени по 510 денари за прва, 450 за втора и 390 за трета класа, со кои би се добило просек од барем 430-440 денари за килограм, а проблемот што не се слуша нивниот глас во преговорите се провлекува со години поради укинувањето на стариот закон и членот 12. Според Националната земјоделска мрежа, просечната цена под 600 денари за килограм е неисплатлива за тутунарите.

Како што стојат работите сега, со ваквите цени ќе се демотивираат тутунарите за претстојната реколта, ќе се остави да се решава проблемот в година, кога ќе дојде време за откуп и кога ќе се бара корекција на цените преку склучување анекс-договори.

Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, кој ја формираше работната група на која требаше тутунарите и откупувачите да најдат заеднички решение за цените, изјави дека ќе почека дали ќе се постигне договор без да се меша Министерството, а ако има потреба, и власта ќе се вклучи во преговорите.

ИЗДВОЕНИ