Сопственичката на Лос Анџелес Лејкерс, Џени Бас, откри нови детали за трејдот на Лука Дончиќ од редовите на Далас. Таа откри дека Дејвис не бил задоволен од неговата улога во тимот, што ги натерало Лејкерси да се согласат на овој трејд.
- Дејвис се пожали на позицијата на која играше, изјави Бас, додавајќи дека одлуката за трејд била корисна за двете страни, пренесува „Баскетњуз“.
Иако Дејвис не побарал експлицитно трејд пред да биде вклучен во договорот со Маверикс, јасно е дека тој не беше целосно среќен во Лос Анџелес.
- Губевме во плејофот од Денвер во последните три години и навистина немавме ништо што изгледаше поинаку во претстојните плејофи, додаде Бас.
Дејвис играше за Лејкерс од 2019 до 2025 година, помагајќи му на тимот да го освои шампионатот во НБА во 2020 година. Пред да биде разменет, тој имаше просек од 25,7 поени, 11,9 скока и 2,1 блокади по натпревар.