Во Битола, при ископ на канал за инсталирање цевковод за топлификација, пронајдени се 292 гранати од Првата светска војна. Од Регионалниот ЦУК – Битола потврдија дека се откриени гранатите при градежни работи и се пријавени на единствениот повикувачки број за итни повици, 112.
– Добиена е пријава за пронајдени неексплодирани убојни средства НУС на ул. „Баталјон Стив Наумов“ бр. 22, во Битола. Веднаш пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – ДЗС Битола изврши проверка и обезбедување на местото, бидејќи се работи за поголема количина НУС, кои ќе бидат подигнати – потврди Стефан Ѓоргиев од ДЗС Битола.
Согласно со стандардните оперативни процедури, СВР Битола врши обезбедување на пронајдените НУС до нивното безбедно отстранување.