Пејачката Дара Стар Такер пред десет години настапувала на бродови за крстарење додека тие пловеле низ Карибите и Медитеранот, но тие идилични одмори понекогаш оставале горчлив белег кога некој ќе го загуби животот на море.
Во едно од нејзините вирални видеа на TikTok, Дара ја откри грозоморната политика што наводно се применува кога патник умира, пишува LadBible.
Еден следбеник ја праша пејачката: „Ако количината на сладолед наеднаш се зголеми, дали тоа значи дека им треба повеќе простор за телата?
„Бев пејачка на брод за крстарење пред десет години и живеев на брод околу шест месеци. За среќа, не моравме да се занимаваме со такви работи, но бевме пријатели со некои членови на екипажот што го правеа тоа. Тие рекоа дека на секој брод за крстарење умираат можеби четири до десет луѓе на 3000 патници“, рече таа.
Таа потоа објасни зошто сладоледите биле делени: „Мртовечницата можеше да собере околу седум тела и ако повеќе од седум луѓе починат на тој конкретен брод, тие ќе треба да почнат да ги преместуваат телата во замрзнувачот, што значи дека ќе треба да направат простор. Затоа мораа да извадат многу сладолед и други замрзнати производи за да направат место за телата“.
Забавите за сладолед навистина постоеја, но реалноста тогаш беше многу поинаква од животот денес. Медицинска сестра која работела на бродови за крстарење ја открила причината за „бесплатните забави со сладолед“, кои наводно се случиле кога човек умира на море.
Ејми Вајт, која работи за компанија која обезбедува медицински услуги за повеќе од 150 бродови на дури 33 линии за крстарење, вели дека тоа навистина биле реални ситуации, но дека повеќе не се неопходни на модерните бродови за крстарење.
„Пред да имаат мртовечници, ги ставаа телата во замрзнувачот за сладолед“, изјави Вајт за CCN Travel.
За бродовите за крстарење кои немаат мртовечница, а ги има многу малку, телата се чуваат на ладни, покриени локации на отворено. Мртовечницата на бродовите за крстарење има ограничен простор, па ако трагично загинат повеќе луѓе отколку што има простор, дефинитивно се потребни планови за такви ситуации.