Откриена причината за пожарот во Турција во кој загинаа 78 лица

61

Пожарот во хотелот Гранд Картал во турскиот скијачки центар Карталкаја во општина Бол, во кој загинаа 78 лица, го предизвикала грешка во кујната на хотелот, јавуваат денеска турските медиуми, повикувајќи се на резултатите од истрагата.

За време на подготовките за појадокот во хотелот Гранд Картал се запалило врелото масло, а пламенот се проширил откако вработените во кујната по грешка се обиделе да го изгаснат огнот со вода, пренесува турскиот портал Тренд.

Според истрагата, пожарот настанал од прскање врело масло на скарата при подготовка на појадокот, а пожарот се проширил поради неправилна интервенција на персоналот во кујната, кој не користел противпожарен апарат, туку вода.

Откако врелото масло дошло во контакт со водата, пламенот се проширил на таванот во кујната и понатаму на горните катови на хотелот.

Утврдено е дека вработените во кујната панично реагирале и исплашени ја напуштиле кујната, а гостите на хотелот не можеле да бидат информирани дека пожарот избувнал бидејќи не работел алармот за пожар, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ