Откриена е темната страна ако живеете на крузер

95

Животот на брод за крстарење можеби изгледа гламурозен, но има и темна страна за која никој не зборува, а една вработена девојка во бродот за крстарење откри детали кои изненадија многумина.

„Работам на бродови за крстарење, повеќето луѓе немаат поим за темната страна на животот на бродот. Луксуз е ако успеете да спиете шест часа“, објасни таа на нејзиниот профил на TikTok @beauty.tips186 и сподели серија на фотографии на кои таа раскажува сè за темната страна.

„Секој брод за крстарење има мртовечница. Со повеќе од 72% од патниците над 60 години, има смисла…но знаејќи дека во просек 3 луѓе умираат на крстарења секоја недела навистина ме изненадува“, напиша таа.

Ако некој умре на бродот, телото ќе се чува во мртовечница додека не се симнат на следното големо пристаниште или пристаништето од каде што испловил. Мртовечница за бродови за крстарење е просторија од нерѓосувачки челик во фрижидер каде што телата можат безбедно да се складираат.

Покрај тоа, таа откри дека на бродот за крстарење има затвор и упати предупредување до сите посетители на забавата. Таа објасни: „Лудата забава се претвора во пијани тепачки или напади. Патниците кои се тепаат го поминуваат остатокот од крстарењето во просторија без прозорци, додека не им бидат предадени на властите откако ќе се закотвиме на пристаништето“.

Таа откри и што се случува со остатоците од храната од бифе масата и на тој начин шокираше многумина. „Остатоците од бифето за ручек често завршуваат во мензата за екипажот. Сè е прецизно подготвено, но сепак ми пречи затоа што знам дека некој друг веќе го изел мојот оброк.

Таа се осврна и на постоењето тајни шифри меѓу гостите. Имено свингерите оставаат симбол ананас на вратата од собите. “Луѓето влегуваат и излегуваат. Чистењето на собите е болка. Што прават внатре за да остават толку голем хаос? Сигурно било луда забава внатре. Не сакам да знам…”, напишала таа.

Инаку, таа го сподели и интересниот факт дека пакетите може да се доставуваат на бродот и дека често добива пакети од Амазон. „На бродот пристигнува пакет од Амазон. Фала му на Бога за тоа, со сета оваа исцрпеност од работа“, заклучила таа.

 

ИЗДВОЕНИ