Откриена биста на првиот претседател на независна Македонија

43

Во дворот на основното училиште „Киро Глигоров“ во Скопје денеска беше откриена биста на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски истакна дека му претставува голема чест да ја открие бистата на првиот македонски претседател, Киро Глигоров и тоа токму во центарското училиште кое го носи неговото големо име.

-Оваа биста, за нас центарци е многу повеќе од обичен споменик. Таа е потсетник дека сме на вистинскиот пат. На патот кој го трасираше Киро Глигоров – нагласи Герасимовски.

Додаде дека е убеден оти претседателот Глигоров би се гордеел со ова модерно и современо училиште.

-Нашите деца заслужуваат вакви училишта со највисоки стандарди, рамо до рамо со европските, а сепак наши автентични македонски. Сега, кога живееме во слободна, самостојна и назависна Македонија, имаме одговорност и обврска да го зачуваме тоа што е со мака стекнато. Да бидеме разумни и мудри, по примерот на Глигоров. Да мислиме на нашите млади, да ја градиме нашата иднина преку вложувања во образованието и напредокот, бидејќи само така ќе имаме држава што е за почит – вели Герасимовски.