Во последните часови од јануарскиот преоден рок, Астон Вила ја направи можеби најголемата зделка во месецот бидејќи ја доведе ѕвездата на Манчестер Јунајтед на позајмица, Маркус Рашфорд.
Повремениот репрезентативец на Англија до крајот на сезоната ќе биде фудбалер на Астон Вила, а постои и опција овој клуб да го откупи неговиот договор за околу 55 милиони евра.
Сега се појави нов детал поврзан со трансферот на крилниот напаѓач во Астон Вила кој кажува многу за тоа што планира во иднина.
Пред да замине на позајмица во Астон Вила, Рашфорд беше поврзуван со преселба во некои од најголемите европски клубови како Барселона и Милан.
Иако малкумина веруваат дека имало официјални понуди од овие клубови за Рашфорд, сега на сите им е јасно зошто тој дојде на позајмица во Астон Вила.
Според новинарите на TEAMTalk, Рашфорд дошол во овој клуб на половина година за да игра и да си обезбеди трансфер во странство следното лето.
Наводно, Астон Вила била подготвена да го купи во јануари, но Рашфорд побарал позајмица бидејќи се надева дека на лето ќе потпише за многу поголем клуб.
Очигледно е дека нема шанси повторно да игра за Манчестер Јунајтед бидејќи неговите односи со Рубен Аморим се многу лоши. Наводно, негова дестинација од летото би можела да биде Барселона, која се издвојува како главен кандидат за потписот.
Барса наводно сакала да го донесе Рашфорд и оваа зима, но проблемите со финансиите повторно се покажале како кобни.
Астон Вила игра и во Лигата на шампионите, а токму тоа е една од причините зошто Рашфорд го избра овој клуб, бидејќи веднаш е во фокусот на големите клубови.