Музичарот Милан Младеновиќ (1956-1994) доби свој мурал во Сараево, на Грбавичка 6 во населбата каде што живеел како дете, соопштија вчера од Центарот за култура „Град“.
Муралот на гитаристот, пејач и автор на рок бендот Лимуново дрво, Шарло акробата и Катарина II, или Екатарина Велика, е насликан од колективот Обоена клапа, врз основа на концептуалниот дизајн на уметникот Ријад Хаџиќ, се наведува во соопштението.
Муралот е еден од резултатите на иницијативата „Музејот на деведесеттите“, кој пет месеци во 2024 година ја реализираше изложбата „Лавиринтот на деведесеттите“ во Историскиот музеј на Босна и Херцеговина, чија идеја е да се расветли сложената деценија од деведесеттите во поранешна Југославија“, се вели во соопштението.
View this post on Instagram