Откриен изгледот на маскотата за „Експо 2027“/видео

35

На светската изложба „Експо 2025“ во Осака беа претставени маскотите на специјализираната изложба „Експо 2027“, која за две години ќе се одржува во Белград.

“Збратимени со игра која им дава супермоќи, тие се забавуваат каде и да се најдат. Нивната имагинација ги поместува границите, а со вас одат во авантура на Експо 2027 Белград! Вашите нови пријатели се тука!”, велат организаторите на настанот во Србија.

Маскотите се момче и девојка во српска носија, кои допрва треба да бидат именувани и, како што пишува Танјуг, „не се само симбол, туку лице на изложбата, срцето на комуникацијата и најсилниот визуелен елемент на брендот „Експо 2027“.

ИЗДВОЕНИ