Oткриен идентитетот на возачот кој покоси девојка на протестот во Белград: Позната нејзината состојба, се огласи таткото/ФОТО

171
Foto: Printscreen/X

Девојката која беше повредена на раскрсницата на улиците Рузвелтова и Краљица Марија во Белград денеска беше посетена од нејзината мајка во Универзитетскиот клинички центар, а благодарение на брзата реакција на лекарот, таа сега е добро, изјави таткото на повредената.

Тој во телефонски разговор за „Танјуг“ се заблагодари, како што истакна, „на сите добри луѓе кои сега се грижат за неа“.

– Ќерка ми сега е добро, јас не ја видов, жена ми ја виде, јас не можев. Морам да кажам дека најважно е моето дете да е добро, свесно и стабилно благодарение на брзата реакција на лекарите од Универзитетскиот клинички центар на Србија. Им благодарам на сите за професионалноста и благодарност до сите добри луѓе кои сега се грижат за моето дете – изјави нејзиниот татко.

Потсетуваме, за време на студентската блокада на улицата Рузвелтова во Белград, возачот на автомобил Марко Павловиќ (39) со својот автомобил удрил девојка и ја носел на покривот неколку метри.

По неколку метри девојката паднала на патот и останала да лежи.

Вишото јавно обвинителство во Белград денеска соопшти дека го презело случајот со инцидентот во улицата „Рузвелтова“.

Foto: Kurir.rs

ИЗДВОЕНИ