Откриен идентитетот на пилотот на авионот што се урна во Словенија: Основач на позната веб-страница и радикален десничар

61

Потврден е идентитетот на пилотот кој во понеделникот загина во авионска несреќа во областа Велика Планина во Словенија. Станува збор за шведскиот претприемач, поранешен политичар и косопственик на светски познатата пиратски веб-страница The Pirate Bay, Карл Лундстром (64).

Неговата смрт беше потврдена и од шведската крајнодесничарска партија Алтернатива за Шведска, чиј член беше од основањето на партијата во 2018 година.

„Денеска добивме трагична и незамислива вест. Карл Лундстром, легенда и ветеран на шведскиот национализам, загина во авионска несреќа во понеделникот. Тој полета со својот авион „Муни М-20“ од Загреб, на пат за Сент Мориц во Швајцарија, но се урна во Словенија“, пишува во соопштението на Партијата.

ИЗДВОЕНИ