Откриен череп на диносаурус тежок 272 килограми во Канада/ВИДЕО

1
screenshot CBC News

Палеонтолозите откопаа череп од пахириносаурус тежок дури 272 килограми во близина на градот Гранд Прери во Алберта, објави денеска Би-би-си.

Овој тревојад се шетал по пустините на Алберта пред 72 милиони години. Черепот, кој експертите го нарекоа Биг Сем, е најголемиот череп пронајден во Пајпстон ​​Крик, јави Би-Би-Си.

Палеонтологот Емили Бамфорт од музејот на диносаурусите Филип Ј. Кури рече дека на тоа место освен коски на возрасни има и стотина останки на помлади диносауруси.

Таа додаде дека примерокот Биг Сем бил совршено зачуван, бидејќи бил пронајден наопаку, што покажува дека овој диносаурус лежел на грб кога умрел.