Откажани претставите од 17 до 22 март во МНТ

19

Поради тешката трагедија од големиот пожар, кој се случи во дискотеката во Кочани, сите изведби во Македонскиот народен театар од 17 до 22 март 2025 година ќе бидат откажани, како знак на почит кон настраданите и нивните семејства, соопштија од МНТ.

„Да покажеме солидарност и разбирање во овие тешки моменти за нашето општество“.

Како што информираат оттаму, средствата од купените онлајн билети ќе бидат рефундирани системски, а билетите купени од билетарницата ќе се рефундираат на истата, секој работен ден од 12:00 часот.

Од Македонскиот народен театар истакнаа дека ги отвораат вратите во знак на солидарност и општествена одговорност, за сите семејства на хоспитализираните лица кои се повредени од настанатиот пожар во Кочани.

„На семејствата кои имаат потреба да останат во Скопје и да бидат блиску до своите најблиски, Македонскиот народен театар ќе им овозможи престој тие да бидат сместени во гримиорните и апартманите“, додаваат од МНТ.

ИЗДВОЕНИ