Страотна трагедија се случи во Шпанија, каде по многу силен циклон кој со денови го зафаќа Пиринејскиот полуостров и поплавите, животот го загубија повеќе од 50 луѓе. Најпогодени беа Валенсија, Мурсија, Малага и Марбеља, а поради ваквата ситуација мораше итно да реагира Евролигата.
Од седиштето на Евролигата дојде и одлуката за одложување на натпреварот од Еврокупот меѓу Валенсија и Лијеткабелис закажан за средата навечер (20.45 ч.), а новиот термин ќе биде дополнително објавен. Одлуката е донесена по барање на Валенсија.
Valencia Basket pide aplazar su partido de este miércoles de la Eurocup y se solidariza con las víctimas de la DANA https://t.co/hn8q3hid8G
— EP Deportes (@EPdeportes) October 30, 2024