Противпожарната служба го затвори Ајсбахвеле, познат центар за сурфање во Минхен кој привлекува локални и меѓународни сурфери, како и голем број гледачи.
Затворањето, велат тие, е неопходно за да се спроведат дополнителни истраги за неодамнешниот инцидент, пренесува dnevnik.hr.
„Не може да се исклучи опасноста за сурферите. Не влегувајте! се вели во соопштението на противпожарната служба. Просторот е ограден и обележан со знаци. Не се знае колку време ќе биде затворен центарот.
Затворањето во саботата уследи по драматичното спасување на сурфер во средата доцна навечер. Таа паднала од даската, а се претпоставува дека нејзиниот поводник, кој ја прицврстува даската за ногата на сурферот, се фатил на дното на реката Аиба.
Случајните минувачи не можеле да ја ослободат поради силната струја. По 30 минути во реката, пожарникарите ја спасиле и ја реанимирале на брегот.
Таа е пренесена во болница во критична состојба, пренесува Дојче веле.
Ајсбахвеле е позната туристичка атракција која привлекува сурфери и многу посетители од целиот свет во текот на целата година, дури и во зима. Вештачки бранови високи околу 0,5 метри се создаваат каде што реката удира во бетонска скала додека излегува од под земја.