Откако беше ослободен по апсењето утрово, се огласи поранешниот фронтмен на легендарната група „Хладно пиво“/ФОТО

478

Музичарот Миле Кекин, поранешен фронтмен на групата „Хладно пиво“, беше уапсен во петокот наутро, а по распитот во УСКОК, откако ја изнесе својата одбрана, беше пуштен на слобода, пренесува Б92.

Набргу откако беше ослободен, тој се огласи на својот Инстаграм профил и ги покажа патиките од кои на левата нема врвки., каде напиша:

„Во петок, жена ми обично ме праќа на плацот, а понекогаш јас успевам да се извлечам, демек – не успевам да стасам. Денеска имав добар изговор. Утрово четворица службеници влегоа во мојот стан и ме приведоа. Ме ставија во комбе, ми ги симнаа лисиците, ме ставија во ќелија. Сè уште не знам што згрешив. Досега само читав за тоа, а сега можам да пишувам песни за тоа. Keep on rocking in a free world. Се гледаме утре на концерт“, напиша музичарот, алудирајќи на утрешниот настап во Белград.

View this post on Instagram

 

A post shared by Mile Kekin (@milekekinofficial)

 

Според медиумите, Кекин е уапсен за акции поврзани со луксузна вила во Момјан, а наводно во се била вмешана неговата сопруга Ивана Кекин, која беше кандидат за претседателка на Хрватска на декемвриските избори.

Таа неодамна се најде во јавноста поради луксузната вила во Момјан, Истра, која ја поседува заедно со нејзиниот сопруг.

Вилата наречена „Воларе е Кантаре“ е со површина од 130 метри квадратни и е опремена со загреан базен, а се издава на туристи по цена од 300 до 500 евра за ноќ, во зависност од сезоната. Според податоците од имотната картичка, вилата со придружното земјиште од 412 метри квадратни е проценета на 400.000 евра.

ИЗДВОЕНИ