Граѓаните со поделени мислења за обврската на маркетите на своите веб-страници да ги објавуваат малопродажните цени на производите. Оние кои добро владеат со компјутери или со паметни телефони велат дека пред да тргнат во купување ги прелистуваат страниците и забележуваат каде се поевтини производите што сакаат да ги купат. Но, повеќето други пензионери немаат такви вештини да пребаруваат по интернет и сметаат дека оваа владина мерка не им го олеснува пазарењето. Велат дека еден маркет има илјадници производи и ако сакаш да ги пронајдеш оние кои имаш намера да ги купиш, најпрво треба да ги најдеш во ценовникот на маркетот и потоа истиот да го споредиш со други три-четири конкурентни супермаркети. Од Стопанската комора на северозападна Македонија сметаат дека транспарентноста е корисна, но фирмите скапо ќе ги чини. – Со законската обврска за објавување на онлајн ценовниците, сега некои од секторите ќе треба да ангажираат плус кадар – вели претседателот на оваа комора, Менди Ќура. Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески најави поинтензивни вонредни контроли по Велигденските празници дали трговците ја спроведуваат законската мерка. Тој истакна дека казните за неспроведувањето на мерката се од 500 до 10 000 евра
Маркетите од петокот имаат обврска на своите веб-страници да ги објавуваат малопродажните цени на производите. Според Правилникот за начинот на објавување на цените на производите изготвен согласно измените на Законот за заштита на потрошувачи, трговските ланци треба да ги ажурираат цените на дневно ниво до 10 часот, посебно за секој маркет во рамки на синџирот.
Меѓутоа, дел од супермаркетите сè уште немаат функционални решенија. Кај некои постои опција за пребарување, додека кај други треба рачно да се прелистува страна по страна. Граѓаните се со поделени мислења. Оние кои добро владеат со компјутери или со паметни телефони велат дека пред да тргнат во купување ги прелистуваат страниците и забележуваат каде се поевтини производите што сакаат да ги купат.
– Па добро направија. Пензионер сум и имам време да просурфам и да видам каде е поевтино и таму одам да пазарам. Не е некоја голема разлика во цената, но сепак може да се заштеди – вели пензионер од скопски Аеродром.
Но, повеќето други пензионери немаат такви вештини да пребаруваат по интернет и сметаат дека оваа владина мерка не им го олеснува пазарењето. Велат дека еден маркет има илјадници производи и ако сакаш да ги пронајдеш оние кои имаш намера да ги купиш, најпрво треба да ги најдеш во ценовникот на маркетот и потоа истиот да го споредиш со други три-четири конкурентни супермаркети.
– И потоа да трчаш од еден до друг за да ги купиш одбраните најевтини производи и ти отиде денот. А дали вреди толку труд и време за да заштедиш некој денар е друго прашање – вели една пензионерка од Карпош.
Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека објавувањето на цените не им користи на граѓаните бидејќи им одзема многу време за пребарување низ веб-страниците. Од опозициската СДСМ сметаат дека мерката е нефункционална и нема да помогне да се намалат цените.
– На граѓаните им е потребен околу еден час само за да споредат еден производ во сите маркети. Ако треба да направат споредба на сите производи што редовно ги купуваат, веројатно би требало да земат ден одмор од работа. СДСМ уште на почетокот алармираше дека оваа бесмислица ниту ќе помогне да се намалат цените, ниту некој реално ќе има корист од неа, но Владата не слушаше – велат од СДСМ.
Од Стопанската комора на северозападна Македонија сметаат дека транспарентноста е корисна, но фирмите скапо ќе ги чини.
– Со законската обврска за објавување на онлајн ценовниците, сега некои од секторите ќе треба да ангажираат плус кадар – вели претседателот на оваа комора, Менди Ќура.
Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески најави поинтензивни вонредни контроли по велигденските празници дали трговците ја спроведуваат законската мерка. Тој истакна дека казните за неспроведувањето на мерката се од 500 до 10 000 евра.
– Засилени контроли ќе има по Велигденските празници. Казните за сите оние кои нема да ја почитуваат оваа транспарентност преку нивните веб-страници, содржана во Законот за заштита на потрошувачите, се од 500 до 10 000 евра – рече Ристески.
Тој очекува сите трговци да ја почитуваат мерката и нема никакво одложување, иако имаше одредени барања, особено од аптеките.
– Трговците имаа 45 дена период на приспособување. Голем број трговци веќе имаат свои веб-страници, само требаше да воведат ценовници и она што го предвидува Законот. Неделава ќе имаме средба со некои од тие здруженија на аптеки, на трговци на мало, ама одлагање нема да има – рече Ристески и со оваа и со другите мерки очекува на подолг рок да има заштита на животниот стандард на граѓаните.
(С.Бл.)