Канадската тенисерка Габриела Дабровски (32), инаку трета тенисерка во светот во конкуренција на двојки, објави дека има рак на дојка. Таа сега се соочува со третманот што првично го одложи за да може да се натпреварува на одредени турнири што ги планирала, додека нејзиниот сегашен план е целосно да се посвети на закрепнувањето.
„Ова ќе биде шок за многумина, но јас сум добро и ќе бидам добро“, напиша Дабровски на својот Инстаграм.
Како што истакнува, на крајот на 2023 година почувствувала израсток и ѝ рекле дека не е ништо сериозно, но била упорна бидејќи била крајно загрижена за своето здравје – пред половина година дознала дека има рак. За среќа, навреме и е дијагностицирана и сите се уверени дека ќе го победи.
„Ова се зборови кои никогаш не очекувате да ги слушнете и кои можат за миг да ви го променат животот или животот на саканата личност“, изјави тенисерката која потврди дека подоцна имала две операции, додека лекувањето го одложила поради Вимблдон и Олимписките игри.
Дабровски играше во финалето на Вимблдон, додека во Париз освои бронзен медал за Канада: „Привилегирана сум што можам да кажам дека преживеав“, изјави Канаѓанката која на крајот од сезоната ја освои и титулата на завршниот турнир. во Ријад каде освоила 800 илјади долари.