Легендарната кошаркарка Дијана Тораси стави крај на својата професионална кариера, а оваа информација ја потврди единствениот клуб за кој настапуваше во американската женска професионална кошаркарска лига (ВНБА), тимот на Феникс Меркјури.

  • Ментално и физички сум исполнета. Така можам да го објаснам најдобро, сита сум и среќна, изјави Тораси.

Тораси (42) е рекордерка во ВНБА лигата по поени во кариерата, како и десеткратен Ол-стар член. Американката има освоено три титули во ВНБА лигата и шест златни медали на олимпијадите, додека шестпати била и шампионка во Евролигата.

  • Дијана е најдобрата што некогаш ја играле оваа игра. Таа е врховен лидер и соиграч. Имаше неверојатно влијание врз нашиот клуб, нашата заедница и кошарката. Нејзиното име е синоним за Феникс Меркјури и таа засекогаш ќе биде дел од нашето семејство, изјави сопственикот на Феникс, Мет Исби.

Тораси беше прогласена за најкорисен играч (МВП) на ВНБА во 2009 година, МВП на финалињата во 2009 и 2014 година и петпати беше водечки стрелец на натпреварувањето.

  • И благодарам на Дијана за сè што донесе во ВНБА, нејзината страст, харизма и пред сè, нејзината немилосрдна посветеност на играта. Таа остави траен белег и иднината на ВНБА е во одлична позиција поради нејзиното влијание, кое ќе се чувствува за генерациите што доаѓаат, рече комесарот на ВНБА, Кети Енгелберт.

ИЗДВОЕНИ