Осум заложници кои ги држеше Хамас, меѓу кои пет Тајланѓани, ќе бидат ослободени утре

110

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека утре ќе бидат ослободени осум заложници кои се држат во Појасот Газа, пет Тајланѓани и тројца Израелци – две жени и еден маж.

Имињата на тројцата израелски заложници, војникот Агам Бергер, цивилот Арбел Јехуда и Гади Мозес, осумгодишник, беа објавени со согласност на нивните семејства, се вели во соопштението што го пренесе Бета.

Идентитетот на петте тајландски државјани не е објавен.

Договорот за прекин на огнот стапи во сила на 19 јануари меѓу Израел и палестинското движење Хамас, со цел конечно да се стави крај на војната во Појасот Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

 

ИЗДВОЕНИ