Триесетгодишниот маж, кој во саботата со автомобил влета на уличен фестивал на филипинската заедница во Ванкувер, Канада, при што загинаа 11 лица, а десетици се повредени, доби осум обвиненија за убиство од втор степен
Тој ѝ бил познат на полицијата и пред нападот, како човек со историја на проблеми со менталното здравје, па отфрлена е можноста мотивот да бил екстремизам.
Организаторите на годишниот фестивал „Лапу Лапу“ соопштија дека филипинската заедница во Ванкувер е во жалост и дека ефектите од нападот ќе се чувствуваат со години.
Полицијата соопшти дека жртвите се на возраст од 5 до 65 години.
Фестивалот во Ванкувер, град со повеќе од 140.000 Филипинци, се одржува секоја година во чест на Лапу-Лапу, национален херој кој се спротивставил на шпанската колонизација во 16 век. Полицијата извршила процена на безбедносната закана пред фестивалот и делумно го затворила патот зад училиштето каде што се случувале поголемиот број од настаните.