Осудувајќи ги најновите напади на Русија на Киев, Трамп го повика Путин да запре – неколку часа подоцна е убеден дека ќе го послуша

136

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека Владимир Путин ќе го послуша кога е во прашање запирањето на нападот на Украина, откако претходно денеска го повика рускиот претседател во објава на мрежата Трут соушал да ги запре нападите.

Додека влегуваше во Белата куќа со норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере, Трамп позитивно одговори на новинарско прашање дали смета дека Путин ќе го послуша, пренесе „Ројтерс“.

 

Неколку часа претходно, Трамп ги осуди најновите руски напади врз Киев на платформата „Трут соушал“ (Truth Social) и го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги запре.

„Не сум среќен поради руските напади на Киев. Тие не се потребни и доаѓаат во многу лошо време. Владимир, СТОП! 5000 војници неделно умираат. Ајде да го завршиме мировниот договор! напиша Трамп.

ИЗДВОЕНИ