Една од лицата кои отслужија затворска казна за учество во немирите на Капитол во Соединетите Американски Држави пред четири години, одби помилување од претседателот Доналд Трамп, велејќи: „Направивме грешка тој ден“.
Памела Хемфил, која се изјасни за виновна и беше осудена на 60 дена затвор, изјави за Би-Би-Си дека не треба да има помилување за настаните од 6 јануари 2021 година.
„Прифаќањето на помилување само ќе ги навреди полицајците на Капитол, владеењето на правото и, се разбира, нашата нација“, рече таа.
„Се изјаснив за винона затоа што бев виновна, а прифаќањето помилување дополнително ќе придонесе за нивните манипулации и лажни наративи.
Хемфил, која беше наречена „Мага баба“ од корисниците на социјалните мрежи во врска со слоганот на Трамп „Направи ја Америка повторно голема“, рече дека администрацијата на Трамп се обидува да ја „препише историјата“ и дека таа не сака да биде дел од неа.
„Направивме грешка тој ден, го прекршивме законот – не треба да има помилување“, изјави таа за програмата „Њуздеј“ на Би-Би-Си.
Одлуката на Трамп да помилува или намали казните на речиси 1.600 луѓе вклучени во обидот за насилно поништување на резултатите од изборите во 2020 година дојде само неколку часа по неговото враќање на претседателската функција.