EPA-EFE/RYAN SUN

Синот на Леброн Џејмс, Брони (20), се врати во редовите на Лос Анџелес Лејкерс и повторно имаше партија за заборав. Тој во поразот од Филаделфија со 104:118, помина 15 минути на теренот и ги промаши сите пет шута.

Со тоа, само покажа дека не е дораснат за НБА лигата, а за тоа проговори и тренерот на „езерџиите“, Џеј-Џеј Редик.

  • Можеби го донесов во тешка позиција. Вчера пристигна, играше на натпревар кој беше пренесуван на националната телевизија во Филаделфија. Тој не играше добро, но игра навистина добро на тренинзите и во развојната лига, истакна тренерот, кој воедно застана во одбрана на својот играч.

Брони Џејмс долета за да му се придружи на тимот за време на нивната турнеја оваа недела, откако претходно играше за развојниот тим на Саут Беј Лејкерс.

За тоа што мисли за доаѓањето на Брони во НБА зборуваше и познатиот американски новинар Стивен Еј Смит.

  • Навистина се обидувам да покажам колку што можам поголема почит кон Леброн Џејмс. Тој е еден од најдобрите двајца или тројца играчи во историјата на кошарката. „Број два“ ​​во моите очи. Го молам Леброн Џејмс како татко да престане да го прави ова. Сите знаеме дека Брони Џејмс е во НБА поради неговиот татко. Во првиот натпревар од сезоната, на отворањето на сезоната, навивачите беа поканети на натпреварот со слоганот „татко и син првпат ќе играат заедно во апсолутно позитивна приказна, а потоа на сцена стапи реалноста. Нам ни се допадна она што го видовме од него во Џи-лигата, бидејќи таму му е местото. Како што напредува во своите вештини, легитимно ќе го заслужи своето место во НБА, за што навистина верувам дека тој има потенцијал да го направи. Но, тој е син на Леброн Џејмс и сите ја знаат тензијата што ја носи. Моментално, Брони има просек од 0,3 поени, 0,3 асистенции и 0,4 скока. Знаете што велат луѓето. Знаете што ќе направат со ова дете. На 13 натпревари одигра 44 минути, постигна четири поени, шутираше 1/16 од поле и 0/7 за три поени. Како му правиш услуга? Знаеме дека уште не е подготвен, порача Стивен.

Потоа говореше и за Леброн Џејмс.

  • Тој е еден од двајцата најдобри во историјата на кошарката. Тој е амбасадор на кошарката. Тој е заштитно лице на лигата, четирикратен шампион, играше во 10 финалиња во НБА и е еден од најголемите што некогаш ќе ги видиме. Тој е доктор по кошарка и знае подобро од мене, подобро од тренерот Џеј-Џеј Редик, и подобро од кој било кошаркарски аналитичар, но прави грешка за син му. Знаеш ли што му правиш на својот син со овие бројки на реализација, само го разобличуваш и не му даваш вистински да се развива како кошаркар, додаде Смит.

ИЗДВОЕНИ