Кремљ соопшти дека некој треба да го принуди украинскиот претседател Володимир Зеленски да склучи мир по расправијата со американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба што покажа колку тешко ќе биде да се најде начин да се стави крај на војната.
„Она што се случи во Белата куќа во петокот, се разбира, покажува колку тешко ќе биде да се договори патот кон решение во врска со Украина“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека „киевскиот режим“ и Зеленски не сакаат мир, туку продолжување на војната.
„Многу е важно некој да го принуди самиот Зеленски да ја смени својата позиција“, рече Песков. Некој мора да се погрижи Зеленски да сака мир. Ако тоа им ргне од рака на Европејците, треба да бидат почестени и пофалени“, додаде тој.