ОСТРА ПОРАКА ДО ИЗРАЕЛ ОД ЕВРОПА: Не можеме да го игнорираме она што се случува во Газа, тоа е вистински геноцид

1084
EPA-EFE-HAITHAM-IMAD

Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес вели дека конфликтот во Појасот Газа е „вистински геноцид“, во најновата реакција на властите во двете земји откако Шпанија одлучи да ја признае Палестина.

„Не можеме да го игнорираме она што се случува во Газа, тоа е вистински геноцид“, рече таа, меѓу другото, во интервју за шпанската ТВЕ.

Таа исто така нагласи дека признавањето на Палестина од Мадрид не е насочено против Израел, туку дека одлуката е донесена во согласност со целта на Шпанија „да стави крај на насилството во палестинската енклава“.

„Израелците се луѓе кои ги почитуваме, потегот не е насочен против никого“, рече Рублес.