Остра порака до Додик, САД се јасни за БиХ: „Тоа е последното нешто што ни треба“!

501
EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД разгледуваат различни опции за ситуацијата во Босна и Херцеговина, но нагласи дека „јасно е дека земјата не треба да се распадне и да не дојде до нов конфликт“.

„Ние не сакаме никакви поделби овде… Последното нешто што ни треба е уште една криза, а ние веќе се изјаснивме за тоа“, рече Рубио во изјавата за Гласот на Америка на прашањето за коментар за неговата претходна изјава дека „дејствата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик ги поткопуваат институциите на Босна и Херцеговина и ја загрозуваат нејзината безбедност и стабилност“.

Властите на Република Српска, предводени од Додик, се заканија со сецесија и се обидоа да го запрат функционирањето на државните судски и полициски институции на територијата на овој ентитет.

„Во однос на можните идни акции, разгледуваме различни опции, но она што е апсолутно јасно – и покрај можноста за несогласување меѓу нас – е дека оваа ситуација (во Босна и Херцеговина) не треба да доведе до распад на земјата, ниту да доведе до нов конфликт“, рече Рубио.

ИЗДВОЕНИ