Остра осуда за скандалот во Тетово: ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија

880

Фудбалската федерација на Македонија со дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.

„Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.

ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат. За вакви нелуѓе нема место во фудбалот. Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.

ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.

Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи

ИЗДВОЕНИ