„Придонесот на секој од нас поединечно претставува пиксел од дигиталната слика која сведочи пред идните генерации за степенот на развој на општеството на времето во кое што ние живееме. Затоа да се исправиме гордо и да им го испорачаме на општеството ова наследство кое тие со посебен ситем на вредности понатаму ќе можат да го мерат…“, посoчи Мице Јанкуловски, реномираниот македонски уметник и претседател на „Остен“ галеријата, на вчерашното отворање на изложбата „Остен-биеналето“ – Скопје и доделување награди во Чифте амам со што започна одбележувањето на 80 години постоење на овој реномиран бренд од областа на уметноста

 

„Отсекогаш сум велел дека времето во коешто ние живееме не се мери со часови, тоа се мери со настани. Сите ние тука сме проживеале повеќе човечки животи, градејќи и создавајќи вредности. Најпрво како индивидуален порив, а потоа како пристап и придонес и кон општеството. Придонесот на секој од нас поединечно претставува пиксел од дигиталната слика која сведочи пред идните генерации за степенот на развој на општеството во времето во кое ние живееме. Времето во кое само ние живееме е реалност, таа реалност ние не ја наследуваме од нашите предци. Тоа е реалност која што ние само ја поседуваме од нашите претци. Затоа да се исправиме гордо и да им го испорачаме на општеството ова наследство кое тие со посебен систем на вредности понатаму ќе можат да го мерат…“, посoчи Мице Јанкуловски, реномираниот македонски уметник и претседател на „Остен“ галеријата на вчерашното отворање на изложбата „Остен-биеналето“ – Скопје во Чифте амам со која започна одбележувањето на 80 години постоење на овој реномиран бренд.

Вчеравечер пред многубројната публика беа претставени 80 дела на наградени автори и финалисти од над 40 земји од цел свет и беа доделени награди и признанија на уметници и соработници на „Остен“.  Присутните имаа можност да проследат дела од визуелните уметности – уметност на хартија, сликарство, објекти, инсталации, фотографии, видео и мултимедијална уметност.

Според Корнелија Конеска, извршната директорка на „Остен“, подготовката на биеналето започна лани со објавување на меѓународниот повик, на кој се пријавија 273 уметници од 51 земја со 863 дела. Во мај во Скопје му беше врачена официјалната награда гран при за животно остварување на еден од најголемите уметници на денешницата, Микеланџело Пистолето.

Покрај наградените од Советот на амбасадори на „Остен“, Микеланџело Пистолето и Вангел Наумовски, во соработка со Светската асоцијација на визуелни уметности (САВУ) традиционално се доделени наградите: „Уметник на светот“ на Киро Урдин од Македонија, „Рембрант“ за извонредност во уметноста на Жан Богосиан од Белгија, „Балкански уметник“ на Данчо Ордев од Македонија. Меѓународното жири му доделува прва награда за цртеж, графика, комбинирана техника на хартија на Павол Трубен од Словачка, прва награда за слика на платно, инсталација, објекти на K.С. Шриватшан од Индија; прва награда за фотографија, видео, мултимедија на Филип Јовески од Македонија. Посебни награди од жири им се доделени на Сунгчан Ким од Ј. Кореја, Никола Марковиќ од Србија, Мари Тераучи од Германија, а посебни признанија од жирито на Аница Китаноска од Италија, Бруно Павиќ од Хрватска, Тодорис Трампас од Грција. Советот на „Остен“ им додели „Златен Остен“ на Стивен Балог од Унгарија / САД, Анка Боериу од Романија, Пантелис Цацис од Грција, Лиа Лапити од Кипар, Јана Луловска од Македонија, награда „Остен“ на Татиана Ан од Холандија, Џон Антони од Хрватска, Арлета Чехиќ од Босна и Херцеговина, Филип Лебланк од Белгија, Јудит Штурм од Германија / Шпанија. Наградата за индивидуално претставување оди кај Лисет Солорзано од Куба, за групно претставување за групата БАФ од Грција, а за национално претставување е избрана Италија…

Инаку, Јанкуловски кој го зачувува и надградуваше „Остен“ во изминатиот период,  завчеравечер се потсети и на почетоците на брендот основан 1945 од најзначајни македонски писатели, уметници и интелектуалци како: Блаже Конески, Славко Јаневски, Владо Малески, Ацо Шопов, Василије Поповиќ-Цицо и многу други…). Тој успешно ја продолжува Светската галерија на карикатури (основана 1969), основач е на реномираните меѓународни манифестации „Остен биеналето на цртеж“, „Остен биеналето на наградени автори“ и „Остен арт фестивалот“.

Во колекцијата на Остен музејот на цртеж денес има повеќе од 15000 дела, вклучително дела на најголемите уметници во светската историја на уметност како: Пикасо, Вазарели, Миро, Дали, Рембрант, Абрамовиќ, Кристо, Сулаж, Кабакови…, и преку 35 000 карикатури.

„Годинава кога го славиме јубилејот 80 години постоење ќе го поставиме камен- темелникот на Остен музејот каде што ќе ги сместиме сите овие дела, сведоштво за една ликовната уметност, односно светската карикатура“, додаде Јанкуловски.  (Д.Т.)

Фото: ФБ „Остен“/ Д.Т.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ