Поранешниот кошаркар на Карпош соколи, Драган Лабовиќ, покрај тоа што важеше за голема надеж на српската кошарка, има и голем број скандали. Еден таков се случи во 2021 година, кога претепа таксист во Белград, а потоа му го украде автомобилот. Потоа отиде во градинката каде што работеше мајка му, па и таму направи проблеми. Веднаш беше приведен и му беше поднесена кривична пријава. Заврши во психијатриска болница. Драган Лабовиќ се појави во поткаст години подоцна и навистина повеќе не личи на себе.
- Отфрлен сум од општеството, имам проблем да најдам работа. Едноставно, луѓето ме гледаат. Јас сум луд, но не толку луд. Требаше да завршам факултет, ќе имав плата од 60.000 секој први во месецот и ќе се навикнев на тоа – започна Лабовиќ во еден поткаст, а потоа зборуваше за проблемите со кои се соочи во текот на играчката кариера.
Тој настапуваше за Карпош соколи во периодот од 2016 до 2017 година, оставајќи голема трага со освојувањето на Купот на Македонија, единствениот трофеј на тимот во неговата клупска историја.