Останува ли Вреди на четири столбови?

ЛИДЕРИТЕ НА ВО ОБИД ДА ГИ РАСЧИСТАТ НЕСОГАСУВАЊАТА

435
Се надевам дека работните групи ќе продолжат да работат и дека ќе изнајдат најдобро можно решение кое нема да биде фрустрирачко или демотивирачко за партиите кои се дел од Вреди – истакна лидерот на крилото на АА.

 

Лидерот на крилото на Алијанса за Албанците Арбен Таравари заедно со тројца останати лидери од коалицијата Вреди за најавија решавачка средба во обид за договор околу заедничкиот настап на локалните избори. До ова доаѓа по подолг период на насогласувањата на Таравари со претседателите на Беса, Биљал Касами, на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими и на Демократското движење, Изет Меџити. Актуелниот министер за здравство Таравари денеска за време на престојот во Гостивар во болницата „Ферид Мурад“ потврди дека е во постојана комуникација со досегашните партнери.

– Во Вреди продолжуваме со разговори. Вечерва имаме состанок, сите четворица претседатели на партиите, континуирано имаме комуникација, се надевам дека работните групи ќе продолжат да работат и дека ќе изнајдат најдобро можно решение кое нема да биде фрустрирачко или демотивирачко за партиите кои се дел од Вреди – истакна тој со надеж дека ќе се изнајде надоброто можно решение, кое ќе биде во интерес на сите.

Во однос на изјавите на градоначалникот на Тетово и на неговиот коалициски партнер, Касами, лидерот на едното крило на АА изјави дека во психологијата има еден феномен кога „устата побрзо зборува додека мозокот процесира“.

– Во психологијата има еден феномен, кога устата зборува побрзо од мозокот додека мозокот процесира. Како феномен се вика „лапсус лингве“ и мислам дека господинот Биљал немаше намера да мисли лошо, дека Алијанса за Албанците е нула, туку не ги стави зборовите баш како што треба во реченицата. Се надевам, мислам и сигурен сум дека нема лоши намери и не мисли така како што кажа, туку избрза со еден збор и кажа како што не треба – истакна Таравари.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој е и кадар на Алтернатива вчера изјави дека во рамки на коалицијата Влен се максимално посветени таа да опстои.

-Од тоа што веќе изјавиле лидерите, ние сме посветени максимално да ги задржиме сите партнери внатре во Влен. Ние сме апсолутно отворени, процесот на соработката не го гледаме како статистичка операција или процент кој колку зема, но како надеж која треба да се артикулира за да продолжи промената и понатаму. Затоа нашите очекувања се големи како и подготвеноста за да продолжиме и понатаму заедно, рече Муртезани на заедничката прес конференција со неговиот унгарски колега Јанош Бока.

Билал Касами, пак, вчера изрази надеж дека коалицијата ќе остане заедно.

-Се надевам дека ова ќе биде последен состанок. Јас сум убеден дека Вреди и на локалните избори ќе оди заедно и тоа што го покажавме на парламентарните избори ќе го покажеме и на локалните избори – изјави Касами.

До недоразбирањата во коалицијата Вреди, која е дел од владиното мнозинство, дојде откако се појавија разликите околу настапот на локалните избори. Во едно неодамнешно интервју Таравари рече дека „Од 100 километри се гледа неусогласеноста на Вреди во Владата“

-Јас мислам дека имаме многу недостатоци. Тоа не е толку до премиерот Мицкоски, колку што е до нас. Постои некаква неусогласеност што се гледа од 100 километри, дека многу бавно функционираме. Впечаток е на народот, што е најлошо за нас, дека Вреди има многу слаба позиција во Владата. Само што направив три анкети, кај Албанци генерално анкетирани. Впечатокот на околу 70% од населението Албанци е дека Вреди не функционира добро, не е задоволувачко претставувањето на Албанците во Владата – рече тој додавајќи дека „постои комуникација со ДУИ“ и дека се залага за посебни партиски листи за настап на оваа коалиција на изборите.

На ова останати партнери одговорија со категорично отфрлање на наводите на Таравари. Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој е и претседател на Демократското движење, пред неколку дена побара од Таравари да избере страна, дали ќе биде дел од Вреди или ќе преговара со ДУИ за претстојните локални избори. Тој соопшти и дека Таравари бил запознаен со идејата за обединување на политичките партии од оваа коалиција во една партија. Таравари, пак, неодамна изјави дека нема добиено понуда од Вреди да се спојат во една партија, а за информациите дека добил понуди од Вреди и од ДУИ да има 35% од советничките листи и 5 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, рече дека повеќе можат да се наречат ултиматум отколку понуда. (Б.Ѓ.)

Црвен картон за директорот на Геријатрија, исклучен од Алијанса!

Одлука за исклучување од партијата на Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на Геријатриската болница осомничен дека барал мито од 100.000 евра донело крилото на Алијанската за Албанците предводено од Арбен Таравари. Од Алијанса денеска соопштија дека нема да толерираат никаква злоупотреба, прекршување на законот или на Етичкиот кодекс на партијата.

-Владеењето со чисти раце не е само слоган, туку морална и политичка обврска за секој член на АА, бидејќи довербата на граѓаните се стекнува и се одржува само со посветеност, чесност и интегритет – соопштија од АА.

ИЗДВОЕНИ