Осомничените за убиство на малата Данка Илиќ може да бидат ослободени

Нишка Апелација по вторпат го отфрла обвинението, бара кокретни докази

1026

Апелациониот суд во Ниш по вторпат го отфрли обвинението против обвинетите за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор. Судот во својата одлука наведе дека жалбите на нивните бранители се основани, наведувајќи дека Вишото јавно обвинителство не обезбедило доволно докази.

– Решението на Вишиот суд во Заечар  од 6 ноември 2024 година со уважување на жалбите на бранителите на обвинетите се укинува и предметот се упатува на првостепениот суд на повторно одлучување. Со решението на Вишиот суд во Заечар од 6 ноември 2024 година  потврдено е обвинението на Вишиот јавен обвинител во Заечар, соопшти Апелациониот суд во Ниш.

Второстепениот суд му даде конкретни наредби на првостепениот суд  што треба да преземе за отстранување на недостатоците и во таа насока му наложи да наведе конкретни докази кои ги инкриминираат осомничените, пред да го потврди новото обвинение, а доколку смета дека е потребно, да нареди да се дополни истрагата за да се соберат нови докази.

Со оваа постапка на Апелациониот суд, како што пишуваат српските медиуми, останува непознаница дали обвинението воопшто ќе биде подигнато и дали осомничените ќе излезат пред суд.

Малата Данка Илиќ исчезна пред една година на 26 март, а за нејзино убиство беа уапсени работници на ЈКП „Водовод“. Нејзиното тело не е пронајдено, а собраните докази и сведочења не упатуваат на двајцата осомничени како на нејзини убијци.

ИЗДВОЕНИ