Според последните информации од полицијата, во наводниот напад во центарот на Минхен се повредени 30 лица. Авганистанецот осомничен за нападот имал дозвола за престој и работа во Германија.
Што се знае за нападот во Минхен
Според информациите на полицијата и германските медиуми од местото на настанот, нападот се случил околу 10:30 часот во центарот на Минхен, на Штиглмаерплац.
Портпаролот на полицијата изјави дека возачот на автомобилот (бел мини) возел зад групата и полициското возило, потоа ги престигнал, забрзал и удрил во крајот на поворката на штрајкувачите и нивните семејства. Тие се упатија кон состанокот на синдикатот Верди, каде веќе се собраа до 1.500 луѓе.
Повредени се најмалку 30 лица Не е исклучена опасноста по животот на дел од повредените. Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер (СПД) објави дека меѓу повредените има и деца. Рајтер им изрази сочувство на жртвите и го нарече овој ден „црн ден за Минхен“.
Возачот е уапсен, а полицијата претходно пукала во негов правец. Според полицијата, нема индиции за соучесници.
„Веројатно станува збор за напад“, рече баварскиот премиер Маркус Зедер (ЦСУ) во својата прва изјава на местото на настанот.
Што се знае за напаѓачот
Според полицијата, осомничениот напаѓач е 24-годишник од Авганистан.
Се чини дека ситуацијата се менува како што се појавуваат нови податоци. Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман (ЦСУ) сега тврди дека осомничениот за нападот во Минхен немал претходни пресуди и дека не бил должен да ја напушти Германија. Во интервју за Баварското радио (БР), Херман рече дека 24-годишникот имал дозвола за престој и работа издадена од градот Минхен. Исто така, тој никогаш не бил под истрага за кражба во продавница – претходните извештаи за кражба биле лажни, бидејќи тој всушност бил сведок на една кражба додека работел како чувар.
Ова се разликува од претходните изјави на Херман, кој тврдеше дека осомничениот веќе и бил познат на полицијата за злоупотреба на дрога и кражба. Тој, исто така, претходно рече дека станува збор за одбиен барател на азил.
Според информациите на Б.Р., немало индиции дека осомничениот претставува безбедносна закана, ниту пак има досиеја до државната безбедност.
Единственото нешто што е потврдено е објавата што осомничениот ја сподели вчера на Инстаграм, а на која, според безбедносни извори, пишува: „О Алах, секогаш заштитувај нè“.
Талибанците нудат соработка и имаат барања
Во меѓувреме, талибанците изразија подготвеност да соработуваат по прашањето за депортацијата на авганистанските државјани од Германија. Сепак, тие поставија услов Германија повторно да основа конзуларно претставништво во Авганистан. Портпаролот на талибанското Министерство за надворешни работи, Абдул Кахар Балчи, за ДПА изјави дека талибанците сакаат да ги покријат сите аспекти на миграцијата, но ја отфрлаат досегашната практика на депортации преку трети земји, како Пакистан, бидејќи, според нив, тоа е кршење на меѓународните конвенции и ризик за националната безбедност на Авганистан.
Има „индиции дека осомничениот има екстремистичко потекло поради тоа, баварската централна канцеларија за борба против екстремизмот и тероризмот при Генералното обвинителство во Минхен ја презеде истрагата“.
Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман (ЦСУ) рече дека Авганистанецот и бил познат на полицијата: тој бил пријавен за кражба во продавници и прекршување на законот за дрога.
Според Херман, осомничениот бил одбиен барател на азил. Тој во Германија дошол како барател на азил, но неговото барање било „најверојатно“ одбиено.
„Во моментов претпоставуваме дека жртвите биле случајни цели“, рече Херман „Но, тоа, се разбира, треба темелно да се истражи“.
Според новинската агенција dpa, осомничениот дошол во Германија на крајот на 2016 година како малолетник без придружба и бил згрижен во институција за помагање на млади луѓе. Тој претходно бил во Италија. Неколку недели по неговото пристигнување, тој поднел барање за азил, кое било одбиено во септември 2017 година, а тој се жалел – но безуспешно. Од есента 2020 година, тој беше обврзан да ја напушти земјата.
Дека има поврзаност со безбедносната конференција во Минхен?
Конференцијата за безбедност во Минхен ќе започне во петок во хотелот Бајрисшер Хоф, на само два километри од местото каде што автомобилот влета во групата луѓе. Од четврток попладне на оваа најважна светска консултација за безбедносна политика се очекува да присуствуваат повеќе од 60 шефови на држави и влади, како и повеќе од 100 министри. Меѓу најавените учесници се и американскиот потпретседател Џ. Д. Венс, украинскиот претседател Володимир Зеленски и германскиот канцелар Олаф Шолц.
Сè уште не е јасно дали овој настан ќе има влијание врз конференцијата.
„Во моментов не тргнуваме од претпоставката дека има поврзаност со Конференцијата за безбедност“, рече министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман.