Амбасадорот во Норвешка , Дритон Кучи се огласи по информациите дека е еден од осомничените за трагедијата во Кочани и дека во текот на денот се приведени децетина поранешни министри и директори.
„Денес семејството ме информираше дека претставници на Министерството за внатрешни работи биле во мојот дом во Скопје, барајќи информативна средба.
Немам што да кријам и секогаш сум одлучувал да постапувам со чесност и смиреност, дури и кога околностите биле тешки.
Секогаш сум избирал да одам по прав пат, дури и кога тој бил најтежок. Зборував кога другите молчеа, и стоев исправен дури и кога се чувствував сам.
Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред.
Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата!“, објави на ФБ поранешниот министер за економија.