Осмомартовски Базар во ГТЦ

300

По повод празникот на жената „8 Март“, од утре на приземјето на Градскиот трговски центар ќе биде организиран тардиционалниот базар наа ракотворби.

Ќе бидат поставени дваесетина тезги на кои ќе можат да се купат ракотворби, поточно мартинки, плетени алки, накит изработен од епоксидна смола, полимерна глина, кожни и дрвени аксесоари и модни додатоци, полускапоцени камења и кристали, филигрански накит, декоративни свеќи, домашни етерични масла, природни цвеќиња, па сѐ до сребрен накит и уметнички слики.

Традиционалниот осмомартовски базар е организиран од Занаетчиска комора Скопје и ГТЦ и ќе трае до 8 март, секој работен ден (освен недела), од 10 до 20 часот.

ИЗДВОЕНИ