Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, се огласи на Фејсбук со реакција на изјавата на премиерот Мицкоски во врска со македонскиот јазик.
„Нека направи премиерот Мицковски за албанскиот јазик половина од тоа што јас имам направено за македонскиот, Албанците ќе му бидат многу благодарни, но уште поважно, нека не го загрозува тоа што други пред него го направиле.
Претходно Мицкоски истакна дека човекот кој го распродавал неговиот идентитет не го почитува ни својот албански јазик.
„Претпоставувам дека претседателот го укорил својот потпретседател бидејќи му нанесува непоправлива штета со таа изјава по два основи. Првиот основ е директно мешање во правосудниот систем на една држава што е спротивно од било какви демократии кои што познава современото човештво. Човекот кој што преговараше и го распродаваше мојот македонски идентитет и мојот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува затоа што тој ако мене не ме почитува, не го почитува ни својот мајчин албански јазик“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.