Османи и Адеми за Бајрам на гости кај семејството на Крешник Бектеши/ФОТО

124

Поранешниот министер за здравство, Бујар Османи, и портпаролот на ДУИ, Арбен Адеми, за Рамазан Бајрам го посетија семејството на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, кој е во притвор поради лиценцата за дискотеката „Пулс“ во Кочани во која избувна пожар.

Османи на својот Фејсбук профил напиша:

„Крешник е силен, храбар и пред сѐ, праведен човек – затоа очекуваме многу брзо да се врати кај нас“.

„Бајрам е свет празник кој симболизира милост, единство, поддршка, великодушност и благодарност. Денес е вистинскиот ден да покажеме дека не само Крешник, туку целото семејство Бектеши ја има нашата поддршка. Не само затоа што е вистински пријател, не само затоа што е дел од нашите семејства, туку затоа што е лажно обвинет и уште по неправедно одвоен од своето семејство. Крешник е силен, храбар и пред сѐ, праведен човек – затоа очекуваме многу брзо да се врати кај нас!“ – вели Османи.

ИЗДВОЕНИ