Ослободување од партиципација за престој во градинката „Ангел Шајче“

24

Општина Куманово  и годинава ќе продолжи со мерката „Ослободување од партиципација на деца на еднородителски семејства и деца Роми на територија на општина Куманово на возраст од 0-8 години за посетување на детската градинка „Ангел Шајче’’ .

Оваа мерка за прв пат се воведе во 2024 година, со цел да се поттикне и промовира значењето на предучилишното воспитание на децата од најмала возраст, да помогне на семејствата кои се нашле во положба од социјален ризик, заради превенција од сиромаштија.

– Освен децата вклучени во предучилишното образование во оваа мерка ќе бидат опфатени и децата кои во градинката „Ангел Шајче ‘’ одат во целодневен престој. За оваа намена од страна на Буџетот на Општина Куманово предвидени се финансиски средства од 620 000 денари – информираат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ