Ослободена жена во САД, невина поминала 43 години во затвор

233
Printscreen/AP news/cbsnews

На Сандра Хам, која беше осудена за убиство во САД, и беше поништена пресудата откако помина 43 години во затвор. Судијата на Окружниот суд во Мисури, Рајан Хорсман, пресуди дека има „јасни и убедливи“ докази дека таа е невина.

Хем (63) во 1980 година е осудена на доживотен затвор за убиството на библиотекарката Патриша Јешка, откако таа дала инкриминирачки изјави во полиција додека била психијатриска пациентка, пренесe Гардијан.

Во петокот, судијата Хорсман пресуди дека убиството на библиотекарката е вина на сега починат полицаец, кој подоцна завршил во затвор за друго кривично дело и дека Хем мора да биде ослободенa во рок од 30 дена.

Пресудата дојде откако правниот тим на Хем во јануари презентираше аргументи и докази за случајот со најдолгото затворање на невина жена во историјата на САД.

„Ние сме му благодарни на судот што ја препозна тешката неправда што Хем ја трпеше повеќе од четири децении“, рече нејзиниот адвокатски тим.

Според извештаите, Хам, која од 12-годишна возраст добивала психијатриско лекување поради аудитивни халуцинации, а подоцна и поради употреба на дрога, прво се изјаснила за виновна за убиство за да ја избегне смртната казна во 1980 година, по што пресудата била поништена, но била осудена повторно во 1985 година врз основа на истото признание.