Осквернавено неговото вечно почивалиште: Откопан гробот на Зоки Фаци, се огласи јутјуберот Лазаров/ФОТО

176

„Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде, се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи“ напиша на Фејсбук јутјуберот Стефан Лазаров.

Тој прикажувајќи фотографии од гробиштата во скопско Катланово каде почива познатиот естраден новинар напиша:

„Па добро бе, остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота! Случајот е пријавен од семејството на Зоки и се надеваат дека од Министерство за внатрешни работи во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија“.

За настанот информираше и МВР:

„Денеска (03.03.2025) во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на православните гробишта во с.Катланово бил ископан гробот на починатото лице З.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Lazarov (@_lazarovv)

ИЗДВОЕНИ