Непознати сторители го осквернавија гробот на основачот на француската партија Национален фронт, Жан-Мари Ле Пен, кој неодамна почина на 96-годишна возраст.
На 11 јануари, Ле Пен беше погребан во семејната гробница во неговото родно место во Бретања. Напаѓачите го оштетиле гробот во ноќта меѓу четвртокот и петокот. Со боздоган биле скршени надгробната плоча и крстот.
Полицијата вчера извршила увид на гробиштата, кои поради тоа биле затворени за јавноста. Локалните власти веќе навестија дека во иднина ќе воведат случајни полициски патроли за да го чуваат гробот на личност која е симбол на француската национална десница.
– Мислевме дека во Бретања почитта кон загинатите е пред се – изјави Жил Пенел, европски пратеник од партијата „Национален собир“ и регионален советник од овој француски регион.
Претседателот на Националното собрание, Жордан Бардела, побара сторителите да бидат фатени и најстрого казнети.
– Сквернавењето на гробот на Жан Мари Ле Пен е бесчувствителен чин, извршен од оние кои не ги почитуваат живите или мртвите – рече Бардела.
Реагираше и семејството на Ле Пен.
– Нема зборови со кои може да се опишат поединци кои го напаѓаат она што е најсвето. Оние кои ги напаѓаат мртвите се способни за најлошото против живите – истакна една од неговите ќерки Мари Каролин.
Вечерта на смртта на Жан-Мари Ле Пен, анархистичките и екстремно левичарските групи ја прославија смртта на Ле Пен.