Познатата актерка Кејт Бланшет (55) откри дека се повлекува од светот на глумата по речиси 30-годишна кариера. Кејт Бланшет во интервју за Радио Тајмс кога ја прашале за работата првично се двоумела, а потоа ја објаснила својата одлука.
“Тоа е затоа што се откажувам од глумата. Моето семејство превртува со очите секогаш кога го кажувам тоа, но навистина го мислам тоа. Сериозна сум да се откажам од глумата”, рече таа.
View this post on Instagram
Таа исто така додаде дека важна причина е тоа што сака да прави многу други работи во животот. Таа не откри кога точно планира да се повлече.
Ова не е првпат актерката да каже дека нејзината кариера е при крај. Пред две години таа рече дека често размислувала да се откаже.
View this post on Instagram
“Тоа не е повремено – тоа е постојано. На дневна или неделна основа. Тоа е како љубовна врска, нели? Се заљубуваш и се одљубуваш во неа и таа мора повторно да те заведе”, рекла таа.
Во текот на нејзината кариера, Кејт неуморно работеше на бројни проекти во театарот, филмот и телевизијата. Таа се здоби со популарност ширум светот, а за својата работа има освоено бројни награди – два Оскари, три БАФТА награди, три САГА и многу други. Актерката е родена во Мелбурн, а кариерата ја започнала во Австралија.
Светската слава ја стекна во 1998 година со улогата во филмот „Елизабет“. Во 2000-тите, Кејт доживеа огромен успех со трилогии – прво во „Господарот на прстените“, а подоцна се појави во „Хобит“.