Австриската скијачка Нина Ортлиб, по операцијата на десната нога, изјави дека за неа „кошмарот станал реалност“. Оваа 28-годишна австриска скијачка доживеа сериозен пад во Гармиш-Партенкирхен и нејзината сезона е завршена.
- Кога кошмарот ќе стане реалност. Само што ја скршив десната нога. Не можам да ги најдам вистинските зборови во моментов, но многу сум благодарна за поддршката и пораките. Знаејќи дека не сум сама, тоа малку ми олеснува, напиша Ортлиб на својот инстаграм-профил, по операцијата.
Затоа Ортлиб нема да го брани сребрениот медал во спуст на претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи од 4 до 15 февруари во Залбах-Хинтерглем, Австрија.