Рускиот претседател Владимир Путин на патријархот Московски му подари многу симболичен подарок за Велигден – му донесе рачно изработено велигденско јајце со ликот на иконата на Владимирска Богородица.
Според традицијата, шефот на државата, кој во текот на ноќта присуствуваше на велигденската богослужба во катедралата Христос Спасител, размени велигденски подароци со поглаварот на Руската православна црква.
Велигденското јајце што го претстави Путин се вика „Патријаршиско“ и е оригинално дело – изработено е од порцелан и рачно насликано со маслени бои. Празникот Свето Христово Воскресение (Велигден) е најважниот настан во годината за православните христијани.
Во катедралата на Христос Спасителот во центарот на Москва, патријархот Московски и на цела Русија Кирил служеше Велигденска утрена и Божествена Литургија ноќта од сабота кон недела. На празничната богослужба покрај претседателот Владимир Путин присуствуваше и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.