Аргентинската пејачка и модел Оријана Сабатини пред повеќе од два месеца се омажи за своето момче, аргентинскиот репрезентативец и фудбалер на Рома, Пауло Дибала, со кого долго време беше во врска.

Сепак, јавноста најмногу ја запозна Оријана преку интервју кое го даде за италијанските медиуми, а во кое откри шокантни детали од нејзиниот приватен живот. Аргентинката зборуваше за желбите и страстите што ги има за безживотните тела и за работата во судска медицина, за која отсекогаш сонувала да ја работи.

  • Сакам и ми е возбудливо да се биде во присуство на безживотно тело. Мојот сон беше да станам судски лекар. Не знам како да објаснам, но секогаш ме фасцинираше да гледам безживотно тело, изјави Оријана.

Аргентинката го положила тестот за танатопраксија. Станува збор за метод кој овозможува забавување на процесот на распаѓање на трупови со помош на техниката на балсамирање.

Што точно е нејзината работа? Ориана користи различни хемикалии кои можат да го забават распаѓањето на телото на покојникот. Отстранува разни течности од телото на починатиот или ги разубавува раните доколку постојат. Исто така, се занимава со естетика на лицето, односно шминкање на покојникот, но и го облекува во согласност со најновите модни трендови.