Јодот е универзален борец против вирусите и бактериите, а периодов сме сè повеќе изложени токму на овие негативни влијанија. Затоа е важно да не дозволите инфекциите да ви ги расипат празниците и да го зголемите внесот на јод во студените денови.
Д-р Дејвид Дери ја нагласува доминантната улога на јодот во зајакнувањето на имунолошкиот систем, особено во борбата против вирусните и бактериските инфекции. Најважната улога на јодот е токму апоптозата – програмираното уништување на заразените клетки.
Светската здравствена организација препорачува возрасен човек да консумира околу 150 микрограми јод за да ги задоволи дневните потреби за јод, но превентивното дејство се постигнува само со консумирање поголеми количини. Со конзумирање од 1,5 до 2,4 милиграми јод дневно (во зависност од телесната тежина), го зајакнуваме нашиот имунолошки систем и ја намалуваме можноста за инфекција.
Јодот е суштински минерал кој нашето тело не може да го произведе, па затоа мора да го внесуваме секојдневно. Најмногу јод има во алгите и морските риби. Јапонците консумираат 1-3 mg дневно.