Организиран настан по повод Светскиот ден на дивиот свет на ОН

59

Зоолошката градина утре со почетокот во 12.30 часот подготвува настан по повод Светскиот ден на дивиот свет на Обединетите Нации (WWD).

Настанот ќе го организира во соработка со Национална галерија и Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партеније Зографски“ од Скопје, а ќе се одржи пред Мултимедијалниот центар во ЗОО Скопје.

Светскиот ден на дивиот свет на Обединетите нации (WWD), се слави секоја година на 3 март, за да се прослават дивите животни и растенија. Секоја година светот ги препознава уникатните улоги и придонеси на дивиот свет кон луѓето и планетата.

Темата на годинешниот Светски ден на дивиот свет на Обединетите Нации е „Поврзување на луѓето и планетата: Истражување на дигиталните иновации во зачувувањето на дивиот свет.“