Организиран бесплатен превоз до ски-центрите „Нижеполе“ и „Копанки“

21

Во текот на зимскиот распуст, за учениците, но и за сите граѓани, Општина Битола ќе обезбеди бесплатен превоз до ски-центрите „Копанки“ и „Нижеполе“.

Во соопштението од Општината се вели дека ЈП „Пелалинк“ ќе го врши превозот, почнувајќи од утре, секој работен ден, до 17 јануари и дека ќе се одвива со две линии.

Линијата број „1“ ќе оди до скијачкиот центар „Нижеполе“, а линијата број „2“ – до „Копанки“. Тргнувањето е во 8:30, а враќањето во 14:30 часот.

 

ИЗДВОЕНИ