Организаторите на Евровизија се надеваат дека ќе ја пречекаат пејачката и поранешна победничка Селин Дион како специјален гостин на финалето во Базел.
Претставник за односи со јавноста потврди дека имало разговори, но ништо не е договорено, најмногу поради тековната битка на славната пејачка со сериозна невролошка состојба, синдром на вкочанета личност.
Канадската ѕвезда (56) со години страда од болни грчеви во мускулите и одлуките за секој потенцијален настап се носат во последен момент.
И покрај болеста, Дион минатата година присуствуваше на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, што беше нејзин прв настап од 2019 година.
Таа во ноември се качи и на сцената во Саудиска Арабија, пренесува Јутарњи.хр. Во 1988 година, Дион победи на натпреварот кога пееше за Швајцарија со песната „Ne Partez Pas Sans Moi“ – победа што и помогна во нејзината музичка кариера.